Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија има намера да ги надгради своите вооружени сили во „најсилната конвенционална армија во Европа“, ветувајќи дека за ова ќе бидат обезбедени „сите потребни финансиски средства“, пренесува Танјуг.
Во документот од 39 страници се наведува дека 377 милијарди евра ќе бидат издвоени за купување оружје за копнените, воздушните, поморските, вселенските и кибер силите на германската армија, објавува бриселскиот портал.
Документот потврдува дека реформата и опремувањето на германската армија ќе бидат „цврсто засновани на домашната индустрија“. Германските компании доминираат на идентификуваните тендери со околу 160 проекти во вредност од околу 182 милијарди евра, наведува Политико.












