сабота, февруари 14, 2026
Дома СВЕТ Германија распореди борбени авиони во Полска

Германија распореди борбени авиони во Полска

95

Германија распореди борбени авиони во Полска за да го зајакне источниот крило на НАТО во услови на ескалација на тензиите со Русија, потврдија воени претставници во вторникот, пренесоа агенциите.

Пет германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ ќе оперираат од воздухопловната база Минск Мазовјецки источно од Варшава и ќе им помагаат на полските сили во операциите за надзор на воздушниот простор, според информациите на германското Министерство за одбрана.

„Ова распоредување ја демонстрира солидарноста на НАТО и обезбедува веродостојно одвраќање, а воедно го заштитува нашиот заеднички воздушен простор“, изјави портпарол на германските воздухопловни сили за дневниот весник „Билд“, додавајќи дека летовите за надзор на воздушниот простор ќе започнат во вторник.

Речиси 150 германски војници во моментов се стационирани во воздухопловната база Минск Мазовјецки за мисијата, соопштија одбранбени претставници. Се очекува операцијата да трае околу еден месец.

Полска, членка на ЕУ и НАТО, служи како клучен центар за западната воена помош за Украина. Германските воздухопловни сили им помагаат на полските сили во надзорот на воздушниот простор од април. Претходно, борбените авиони што ја извршија оваа мисија оперираа од градот Росток.

ИЗДВОЕНИ