Германија објави: Ова се новите правила за влез во земјата

231

Германската влада објави план за започнување со имплементација на новиот систем за земање биометриски податоци на патниците на границите, кој ќе важи и за граѓаните на Македонија, а кој ЕУ го воведува на 12 октомври.

Како што е најавено, Германија ќе започне со имплементација на овој систем на 12 октомври на аеродромот во Дизелдорф, а кратко потоа и на аеродромите во Франкфурт и Минхен. Датумот кога ќе започне имплементацијата на овие два аеродрома не е прецизиран, но се претпоставува дека ќе пролонгира за неколку дена.

„После тоа, сите други аеродроми и пристаништа на надворешните поморски граници постепено ќе бидат поврзани. Целта е контролирано зголемување на операциите со цел да се обезбедат стабилни процеси на гранична контрола во секое време. Ова гарантира безбедност и создава потребна флексибилност за одговор на потенцијални технички потешкотии“, е соопштено.

Се додава дека германското Министерство за внатрешни работи и германската федерална полиција веќе ги започнале сите подготовки со други партнери и служби.

EES е нов систем за контрола на влезот и излезот од Шенген зоната кој дигитално го евидентира влезот и излезот на лицата во своите централни бази на податоци. Се однесува на државјани на трети земји кои имаат право на краток престој во Шенген зоната – и патници ослободени од виза и патници со визи за краток престој.

На влезот во ЕУ, на патниците ќе им се земат име, презиме, датум на раѓање и скенирана патна исправа. После тоа, ќе се земат отпечатоци од прсти и биометриска фотографија на лицето, како и времето, местото и околностите на влезот во ЕУ.

Овој систем го заменува претходното печатирање на пасошите и наместо тоа сите податоци ќе бидат дигитално евидентирани и складирани на централни сервери.

„Секој што е засегнат од овие мерки може навремено да се распраша, пред да влезе во Германија, во германските дипломатски мисии во странство, авиокомпаниите или федералната полиција одговорна за гранични контроли, за важечките прописи и нивната примена на германските аеродроми и морски граници“, е објавено.

Ова е првиот чекор кон воведување на ETIAS, дигитален систем за аплицирање за влез во ЕУ, кој треба значително да го олесни влезот во ЕУ, но овој дигитален формулар ќе чини 21 евро. Неговото воведување е планирано за нешто повеќе од една година, а во меѓувреме ќе се работи на целосно оперативноста на EES.

ИЗДВОЕНИ