Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека тој и неговата влада ќе го запрат целиот извоз на оружје и воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа.
Оваа реакција е одговор на најавата на Израел дека ќе го окупира градот Газа и целата енклава.
„До понатамошно известување, Германија нема да одобри извоз на воена опрема во Израел доколку постои можност таа да се користи во Газа“, рече Мерц откако беа објавени плановите на Израел.