Германија ги зголемува безбедносните мерки на „високо ниво на закана“ од претходното „апстрактно ниво на закана“, изјави министерот за внатрешни работи на земјата Александар Добринт во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“ објавено денес.
Според Добринт, безбедноста се зголемува на „високо ниво на закана“ врз основа на растечкиот број извештаи и разузнавачки информации, објавува „Ројтерс“.
„Ова значи дека ризикот од напад мора да се земе предвид во секое време во Германија“, рече министерот.
Според него, плановите за напади врз Германија се јасно видливи, а тој ги спомена и ризиците за инфраструктурата, поединците и институциите.
Германија се соочи со голем број напади во последните години, а во еден случај со висок профил, лекар од саудиско потекло неодамна беше осуден на доживотен затвор за убиство на шест лица и повредување на стотици луѓе собрани на пазар во Магдебург, каде што со изнајмен БМВ се заби во толпата неколку дена пред Божиќ 2024 година.
Германски суд минатата година прогласи сириски државјанин за виновен за напад со нож на фестивал во Солинген во 2024 година, кога беа убиени три лица, а десет беа повредени.












