Германската војска формира единици со дронови камикази

0
EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Германските вооружени сили планираат да формираат шест единици кои би користеле камикази дронови, а првата од нив треба да биде оперативна до 2027 година, изјави функционер на Бундесверот, Кристијан Фројдинг, објави денес „Дер Шпигел“.

„Веќе почнавме со тестирање“, рече тој, додавајќи дека се очекува првата батерија со среден дострел да биде оперативна до 2027 година, по што ќе следат уште пет до 2029 година, објави весникот.

Според Фројдинг, камикази дроновите можат да кружат над фронтовската линија, а потоа да го напаѓаат непријателот. Покрај беспилотните летала, се планира и распоредување на нов систем за оружје со долг дострел до 2029 година, се вели во извештајот, а батеријата ќе биде еквивалентна по сила на чета од 60 до 150 војници.

Ваквите системи ќе можат да идентификуваат беспилотни летала и да обезбедат одбрана од нив низ цела Германија.

Според Фројдинг, на фронтовските линии на иднината ќе се водат војни во кои податоците и примената на вештачката интелигенција (ВИ) ќе играат клучна улога, претставувајќи „муниција за војување“.

ИЗДВОЕНИ