Германија е подготвена да даде конкретен придонес во спроведувањето на планот на Трамп за Газа

96
EPA/SIMA DIAB

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави денеска планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Газа, велејќи дека тој нуди најдобра шанса за завршување на војната во палестинската енклава.

„Германија е подготвена да даде конкретен придонес во спроведувањето на планот“, изјави портпаролот на германската влада, додавајќи дека Мерц претходно во текот на денот се сретнал со семејствата на германските заложници што ги држи Хамас, објави Ројтерс.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул претходно го поздрави мировниот план како „единствена можност“ за завршување на војната, изразувајќи надеж за стотиците илјади луѓе погодени од конфликтот.

ИЗДВОЕНИ