Германија е новиот европски владетел во кошарка, откако во финалето во Рига ја победи Турција со 88:83.

Во спектакуларно финале, Германците успеаја на крајот да дојдат до трофејот благодарение на прецизните шутеви во финишот, со кои направија голем пресврт, откако по првиот дел имаа негатива од шест поени разлика. Со овој трофеј, Германија успеа да ги обедини светската и европската титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бонга со 20 поени, Вагнер запиша 18, додека на спротивната страна залудни беа 28-те коша кои ги постигна Шенгун.

Во „малото финале“, благодарение на Јанис Адетокумбо, селекцијата на Грција го освои бронзениот медал, откако во мечот за третото место ја совлада Финска со 92:89. За нашиот јужен сосед ова е прв медал по пауза од 16 години, во 2009 година во Полска исто така оваа репрезентација беше бронзена.

Грците го диктираа темпото речиси во текот на целиот натпревар, иако момците на Ласе Туови пружија силен отпор. Ова особено се почувствува во првото полувреме, но играчите предводени од тренерот Василис Спанулис не ја испуштија двоцифрената предност во третата и речиси во целата четврта четвртина.

Како и да е, Финска остана најпријатното изненадување на овој Евробаскет.

ИЗДВОЕНИ