Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда, „Феникс“, за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и во образованието за 2025 година.
Годинашни добитници на оваа награда се: Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци,Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови, Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис, Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки,
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање, Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон.
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.
Герасимовски нагласи дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и да ги вреднуваат трудот и успехот на своите жители.
– Наградата е признание за посветеноста и за талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и својата кариера – нагласи Герасимовски.
Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ги претставува истрајноста, обновата и успехот.












