Герасимовски: Дебармаалци повторно се разбудија во смет, ЈП Комунална хигиена наместо да праќа деманти да го собира комуналниот отпад

481

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на Фејсбук објави дека и ова утро, дебармаалци се разбудиле во смет, со преполни неисчистени контејнери.

– ЈП Комунална хигиена е на продолжен викенд. Повторно, нашите општински служби интервенираа со сопствени ресурси и го подигнаа сметот од центарските улици. Ова не е првпат да реагираме! Сите ние имаме одговорност пред граѓаните, чистотата мора да биде главен приоритет. Наместо ЈП „Комунална хигиена“ да праќа деманти дека секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад според динамиката утврдена со Оперативната програма, апелираме од утре, од 7:00 часот изутрина центарските улици да бидат чисти – апелира Герасимовски.

Од Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

 

ИЗДВОЕНИ