Нашиот најдобар таеквондист, Дејан Георгиевски, освои сребрен медал на силниот Г1 турнир „Дракула куп“ во Букурешт, Романија. Но, она што е уште поважно, тој дојде до нови бодови за олимписка норма за Лос Анџелес 2028!
Во првото коло Георгиевски беше слободен, а во четвртфиналето заблежа победа над Марсел Хотак од Унгарија, а во полуфиналето против Тудор Карагеа од Романија. Во финалето загуби од Хусеин Демирчиоглу од Турција.
Бидејќи без носител, бев слободен во првото коло, а од другите три борби, против Хотак, Карагеа и Демирчиоглу, сум задоволен од прикажаното. Можеше да биде и подобро во финалето, но сепак, задоволен сум од овој турнир на кој видовме до каде сум и кои грешки треба да ги поправам во иднина, изјави Георгиевски за дневниот весник ВЕЧЕР, па додаде:- Следен настан ми е Европското првенство во Швајцарија кое започнува на 23 ноември и секако, со Господ напред, одам по медал на ова првенство.
Инаку, нашиот олимписки вицешампион на турнирот во Романија беше под водство на помошник селекторот Викторија Спасовска.











