недела, февруари 22, 2026
Дома СКОПСКА Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

44

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.

-Со поддршката на ваквите традиционални настани, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба за зачувување и негување на духовните вредности и на традицијата  – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ