Aмериканската компанија „Гентерм“ која веќе активно работи во ТИРЗ „Прилеп“, со новата инвестиција од 30 милиони евра планира сериозно да го зголеми извозот од својата фабрика во Македонија. Станува збор за светски лидер на пазарот во иновативни технологии за термичко управување и пневматска удобност за автомобилската индустрија кој во новиот погон планира да отвори 300 нови работни места.

Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски рече дека ваквите инвестиции се добредојдени во Македонија.

– На новата инвестиција работевме заедно премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски со цел да го убедиме менаџментот на „Гентерм“ да продолжи со инвестирањето во Македонија. Ова е една од тие најавувани инвестиции во Македонија – рече Димовски.    

Со новото производство, премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија да стане регионален хаб на „Гентерм“ за Европа.

– Ова не е само уште една инвестиција. Ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа – расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд. Резултатите се веќе забележителни и веќе се гледаат – исткна тој.

Тој потсети дека минатата година имавме рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра, што никогаш во историјата немало ваков прилив на капитал.

– Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај месец постигнавме историски највисоко ниво последната деценија од 9,4% раст на индустриското производство и тоа не се само зборови, тоа се реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во овој нов политични амбиент. Се бориме за секој инвеститор – домашен и странски, за секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде – истакна Мицкоски и подлече дека веќе се поставуваат темелите на нов економски модел – модел во кој инвестициите се движечка сила, а македонскиот граѓанин – срцето на развојот.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ