сабота, јануари 31, 2026
Дома СВЕТ Генералното собрание на ОН утре ќе гласа за резолуцијата за кршењето на...

Генералното собрание на ОН утре ќе гласа за резолуцијата за кршењето на човековите права во Украина

114

Генералното собрание на Обединетите нации утре ќе гласа за обновена нацрт-резолуција за кршење на човековите права на териториите на Украина под руска контрола, објавија денес украинските медиуми.

Нацрт-резолуцијата за состојбата со човековите права на привремено окупираните украински територии, вклучувајќи ги Крим и Севастопол, укажува на бројни кршења на човековите права и меѓународното хуманитарно право од страна на Руската Федерација, објави агенцијата „Укринформ“.

Како што е наведено, овие кршења вклучуваат, особено, случаи на репресија, тортура, произволно притворање, прогон на новинари, активисти за човекови права и претставници на домородните народи – Кримските Татари.

Текстот нагласува тортура и нехуман третман на украинските воени затвореници и нелегално притворените цивили во Русија.

Резолуцијата, исто така, го осудува одбивањето на руските власти да им обезбедат на своите семејства информации за судбината и локацијата на затворениците.

Документот, исто така, потсетува на важноста од почитување на Конвенцијата за спречување и казнување на кривичното дело геноцид и нагласува дека масовните и систематски кршења на човековите права и меѓународното хуманитарно право може да претставуваат геноцид, пренесува Танјуг. Во нацрт-резолуцијата е додаден и став со кој се охрабруваат напорите за мирно решавање на конфликтот во согласност со Повелбата на ООН.

ИЗДВОЕНИ