
Генералниот секреар на НАТО ќе го посети Вашингтон во понеделник и вторник каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секреатар Марк Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, стои во соопштението на НАТО за јавноста.
Во објавата се не се наведува непосредната причина за посетата на Руте, но Трамп во неодамнешното интервју за Ен-би-си њуз“ рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени за испорака на оружје за Украина преку НАТО.
Исто така тој рече дека во понеделник ќе објави „важна изјава“.
Администрацијата на САД досега ѝ испраќаше на Украина само оружје за кое одобрение даде поранешниот американски претседател Џо Бајден, верен приврзаник на Киев.