Генералниот секретар на НАТО предупреди: Ние сме следна цел на Русија

19

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика сојузниците да ги зајакнат одбранбените напори за да се спречи можен конфликт со Русија, односно „војна каква што искусиле нашите дедовци и прадедовци“.

Говорејќи во Берлин, тој рече дека многу членки на воениот сојуз не ја сфаќаат сериозноста на руската закана и мора брзо да ги зголемат трошоците за одбрана и за производство за да се спречи конфликт со размери кои го обележале минатото.

– Ние сме следната цел на Русија. Многумина се премногу задоволни. Многумина не ја чувствуваат итноста. Времето за дејствување е сега, порача Руте и додаде дека конфликтот е „пред нашите врати“, Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години.

Рускиот амбасадор во Белгија соопшти дека НАТО и Европската Унија постојано ја ескалираат ситуацијата и се подготвуваат за конфликт со Русија. „Не Москва, туку раководството на НАТО и ЕУ постојано ја ескалираат ситуацијата и се подготвуваат за судир со нашата земја“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ