Генерален штрајк во Брисел: Судири меѓу демонстрантите и полицијата, употребени водени топови и солзавец

27

За време на денешниот генерален штрајк во Брисел, на кој според полициските проценки учествувале 80.000 луѓе, избувнаа судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Поради нивното одбивање да го напуштат местото на протестот, бриселската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, објавува бриселскиот весник „Браселс тајмс“ (Brussels Times).

Полициската акција резултираше со апсење на неколку лица, а неколку лица беа повредени и им беше укажана медицинска помош на лице место.

Според официјалните проценки на бриселската полиција, на денешниот штрајк присуствувале околу 80.000 луѓе, додека синдикатите велат дека бројот на учесници бил значително поголем, околу 140.000.

Денешниот протест го организираат трите најголеми белгиски синдикати, кои сакаат да го изразат своето незадоволство од мерките и буџетските одлуки на федералната влада, пренесува „Танјуг“.

Според синдикатите, протестот е насочен против политиката што подразбира „подолго и повеќе работење“, што предизвикува чувство на неправда и нерамнотежа кај вработените во јавниот сектор.

ИЗДВОЕНИ