„Газпром“ ги обновува испораките на гас за Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“

18

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека ги обновил испораките на гас за Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, по завршувањето на планираните работи што се одржаа од 18 до 26 септември, пренесува „Танјуг“.

Компанијата соопшти дека сите превентивни работи на опремата и системите се успешно завршени и дека транспортот на гас е обновен според редовниот распоред, објави „РИА Новости“.

Според договорот меѓу „Газпром“ и кинеската „CNPC“, планираните работи за одржување се вршат двапати годишно – на пролет и на есен – за да се обезбеди сигурно снабдување со гас.

На почетокот на септември, двете компании постигнаа договор за зголемување на капацитетот на гасоводот „Моќта на Сибир“ од 38 на 44 милијарди кубни метри гас годишно, потврдувајќи ја растечката побарувачка на Кина и стратешката важност на гасоводот.

Газоводот „Моќта на Сибир“, долг околу 3.000 километри, ги поврзува руските гасни полиња во Јакутија и Иркутск со кинескиот пазар. Испораките започнаа кон крајот на 2019 година, а капацитетот на гасоводот постепено се зголемува.

На почетокот на септември, двете компании постигнаа договор за зголемување на капацитетот на „Моќта на Сибир“ од 38 на 44 милијарди кубни метри гас годишно, потврдувајќи ја растечката побарувачка на Кина и стратешката важност на гасоводот.

Гасоводот „Моќта на Сибир“, долг околу 3.000 километри, ги поврзува руските гасни полиња во Јакутија и Иркутск со кинескиот пазар. Испораките започнаа кон крајот на 2019 година, а капацитетот на гасоводот постепено се зголемува.

ИЗДВОЕНИ