Гази Баба – најуспешна општина во Македонија за 2024, со инвестирани над 11 милиони евра

46

Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година, според реализацијата на капиталните инвестиции. Според најновиот извештај на реномираната организација „Центар за граѓански комуникации“, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава. Во топ-10 листата на единици на локалната самоуправа со најголема вредност на реализирани тендери, по Гази Баба со 11,7 милиони евра, втора е Битола со 11,4 милиони евра, а трета Аеродром со 10 милиони евра.

– Ова е големо признание и силен доказ за вистинскиот развој на Општината, за посветената, за одговорната и чесна работа, во која секојдневно се вложуваме за доброто на нашите граѓани. Да се биде на врвот, да се заземе првото место на листата што децении наназад му припаѓаше на Град Скопје, за мене е огромна чест, но и обврска. Ова признание не е само бројка туку и потврда дека сме на вистинскиот пат – изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 

ИЗДВОЕНИ