Според најновиот индекс за активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, Општина Гази Баба е рангирана како најдобра во Скопскиот Плански Регион, со импресивни 98,6 % транспарентност.
– Ова признание не е само број туку и силен доказ дека работиме отворено, отчетно и во интерес на граѓаните. Гази Баба е општина што не крие, туку објавува. Секој документ, секоја одлука, секој чекор е достапен за јавноста. Во Гази Баба, транспарентноста е вредност, не обврска. Веруваме во соработката, отвореноста и во искрениот однос со секој жител – соопштија од локалната самоуправа.