Газдата на „Дурмо турс“ по трет пат го одложи затворот, оперира кила на другиот тестис

Судијата лично отишол во тетовската болница да се увери

313

Место на пријавница во затворот во Идризово каде од денеска треба да ја одлежува казната од 10 години за сообраќајката кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белулу отишол на операција во тетовската болница. Ова за весникот Вечер го потврди судијата за извршување на санкции од гостиварскиот суд, кој лично бил во тетовската болница, да се увери дека осудениот по втор пат, овој пат за килата на другиот тестис, е под хирушки нож.

„ Докторот ме увери дека после закажаната операција со една жена, тој е следен за интрвенција“, кажа во телефонски разговор судијата кој по трет пат му го одложува затворот на Белули. Првиот пат за операција на кила на едниот тестис, вториот -бидејќи му се јавиле здравствени компликации и сега повторно поради хирушки зафат на другиот тестис. Судијата вели дека имал потпишана изјава од докторот што треба да го оперира Белули и оти законот му дозволува одложување поради болничко лекување.

„Сега се одложува извршувањето на казната за 15 дена, иако бараше зазрдавување 20-30 дена, вели судијата. На прашањето од ВЕЧЕР дали се сомнева дека и Белули ќе избега исто како и неговиот  управител на возниот парк осудениот Ремзи Мифтари по кој е распишана потерница, судијата вели дека за тоа е надлежна полицијата. И Мифтари одложуваше поради истиот оперативен зафат.

Двајцата добија правосилни пресуди уште на 9 мај годинава, за смртта на 16 патници и уште 30 повредени во автобуската несреќа. На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна, т.е. од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од шест на десет години затвор. И двајцата сеуште не се во затвор. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ