среда, февруари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Газда Деко сака да биде префрлен во Идризово, во затворот во Куманово...

Газда Деко сака да биде префрлен во Идризово, во затворот во Куманово го понижувале

71

Одбраната на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да го префрлат од затворот Куманово во Идризово бидејќи затворскиот персонал од Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“. Нејзиното барање беше и во насока на тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, како и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција.

Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот судењето побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште. Судот го одби ова барање со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува. За потсетување Кривичниот суд преходно го одобри во целост обвинението, па почна судскиот процес.

Судењето продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. По нејзиното сведочење, предвидено е да се сослушаат уште четворица други сведоци.

 

ИЗДВОЕНИ