„Газат“ во седмата деценија, но изгледаат никогаш подобро: Бред Пит и Том Круз заедно по 24 години/ФОТО

171
EPA-EFE/NEIL HALL

Бред Пит и Том Круз се појавија заедно на истиот настан за прв пат по 24 години! Двајцата прошетаа по црвениот тепих минатата недела на премиерата на филмот „Ф1“ во Лондон, во кој Пит ја игра главната улога.

Двајца актери, чии кариери ги дефинираа идеалите за машкост во 1990-тите, ги воодушевија сите присутни фанови во главниот град на Англија.

Пит му се приближи на Круз за да го поздрави, а потоа силно го прегрна пред да позираат заедно пред фотографите. Нивната пријателска средба ги воодушеви присутните фанови и медиуми, а многумина коментираа дека токму вака изгледа долгогодишно пријателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

За оваа пригода, Бред Пит (61), со нова фризура која претходно предизвика ентузијазам кај обожавателите, носеше зелено дворедно одело и впечатливи портокалови очила за сонце. Од друга страна, Том Круз (62) се појави во темно сиво одело и со препознатливи авијатичарски очила.

ИЗДВОЕНИ