Газа остана без хуманитарната помош, Израел не го отвори преминот Рафах

177

Граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Израел вчера не се отвори и покрај најавите дека преку него ќе влезе хуманитарната помош. Според неименуван израелски владин претставник, се подготвувало дигање на рампата, но само за влез и за излез на жителите на Појасот Газа.

Израелските власти вчера најавија дека граничниот премин ќе биде затворен и дека хуманитарната помош ќе биде намалена, бидејќи Хамас не ги предал телата на сите убиени заложници.

Во средата вечерта, Хамас предаде уште четири тела на починати израелски заложници, но израелската војска соопшти дека едно од нив „не се совпаѓа со ниту еден заложник“. Ова е објавено по прегледот во Националниот институт за судска медицина.

Според израелски извор, останките наводно му припаѓаат на Палестинец од Газа, објави Си-ен-ен. Друг извор рече дека првичните процени укажуваат дека Хамас погрешно го идентификувал телото, а не дека намерно испратил погрешно тело.

 

 

ИЗДВОЕНИ