
Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Манчестер Јунајтед со големо внимание ја следат ситуацијата околу предводникот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Луис Енрике. Се погласни се шпекулациите дека трофејниот шпански стручњак ќе си замине од Париз на крајот од сезоната, а интерес за неговите услуги покажуваат и челниците на Ливерпул.











