
Француските складишта за гас се полни за 71 процент, а се очекува земјата да има доволно залихи за претстојната зимска сезона, изјави денес претседателката на Француската регулаторна комисија за енергетика (CRE) Емануел Варгон.
Според неа, моменталните податоци се „релативно охрабрувачки“, а целта е зафатеноста на француските складишта да достигне 85 проценти пред почетокот на сезоната, објавува „Ле Фигаро“.
Варгон додаде дека е „прилично уверена“ дека ова ниво ќе се достигне, со што ќе се намали ризикот од недостиг и прекини во снабдувањето на домаќинствата.
Референтната цена на гасот на европскиот пазар, холандската TTF, достигна 74,14 евра за MWh, највисоко ниво за повеќе од три години, во споредба со околу 30 евра пред почетокот на новите конфликти на Блискиот Исток, што веројатно ќе влијае на потрошувачите.
Дополнителен притисок врши и планираното постепено повлекување на рускиот течен природен гас во Европа од 1 јануари 2027 година, што би можело дополнително да ја зголеми конкуренцијата за преостанатите извори на снабдување, објавува „Танјуг“. Варгон предупреди дека Франција е целосно зависна од меѓународните пазари за гас.
Референтната цена на гасот за француските домаќинства е зголемена за 5,6 проценти од 1 септември, од 162,89 на 172,05 евра за мегават-час (MWh), вклучувајќи го и данокот.
Промената влијае на околу шест милиони домаќинства чии тарифи се поврзани со оваа цена.











