четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гаши: За укинувањето на техничката влада не може да се збори инаетчиски,...

Гаши: За укинувањето на техничката влада не може да се збори инаетчиски, мислам на сите

247

За укинувањето на техничката влада треба да се договараме и сите заедно да се договориме, изјави денеска Африм Гаши, претседател на македонското Собрание.

Одговорајќи на новинарските прашања врзани за најавата на министерот за јавна администрација Горан Мичев дека до пратениците ќе достави предлог на измени на Законот за Влада во кој се прецизира каде опозицијата ќе има дополнителни заменици министри и дека техничката Влада ќе важи само уште за следните парламентарни избори, Гаши рече дека е потребен претходен договор.

-Законот не забранува промената да се  прави преку закон. Но, мислам дека треба да се договориме и дека би било подобро заедно да се договориме околу тоа. Ако се сака инаетчиски и тврдоглаво да се застане зад еден став, тогаш тоа треба да се аргументира – рече Гаши.

На новинарско прашање дали под терминот „инаетчкси“ мисли на однесувањето на СДСМ Гаши одговори дека мисли на сите.

-На мислам на СДСМ туку воопшто. Силата на аргументите треба да биде решавачка а не партиски интереси – потецира првиот парламентарец. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ