Гаши: Кај нас изборите се прашање на живот или смрт, а треба да бидат за комунални проекти

148

Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се прашање на живот или смрт, изјави денеска собранискиот претседател Африм Гаши. На редовниот понеделнички брифинг со новинарите тој одговори на прашањето дали има сознанија за некаква тајна соработка меѓу СДСМ и ДУИ за изборите.

-Нема информации за некаков таков договор меѓу СДСМ и ДУИ. Такви информации не дојдоа до мене. Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни, како да се за живот или смрт. Локални избори треба да бидат за тоа што градоначалниците треба да понудат. Ние имаме многу проблеми во комунална сфера и кандидатите треба да се насочат кон комунална сфера, потенцира Гаши.

Тој најави дека до координаторите на пратеничките групи доставил предлог на декларација за фер и демократски избори на надополнување.

-По тој просес очекувам декларацијата да биде усвоена со консензус на собраниска седница предвидена за 12 септември. Мислам дека тоа ќе најде на позитивна реакција кај граѓаните. Ова ќе биде за првпат од страна на Собранието да се донесе вакво документ со кој ќе испратиме посилна порака до граѓаните – рече Гаши. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ