Гарначо скапо го плати безобразлукот од Билбао 

1419

Нема дилема дека Манчестер Јунајтед има потерба од сериозен играчки ремонт. Последниот натпревар во сезоната, против екипата на Астон Вила, заврши со триумф на „црвените ѓаволи“ од 2:0, но домашните фанови немаа некоја посебна причина за радост после неискористената шанса за пласман во Лигата на шампиони.

Дуелот на „Олд Трафорд“ беше последен за неколку фудбалери кои сигурно ќе си заминат или ќе бидат продадени за време на летниот преоден рок.

Иако нема официјална потврда, веќе е јасно дека Алехандро Гарначо заминува, а неговата девојка, Ева Гарсија, преку социјалните мрежи потврди дека тој го игра последниот натпревар за Јунајтед.

Шефот на стручниот штаб, Рубен Аморим, веќе кажа дека Гарначо нема иднина во клубот. Аргентинскиот интернационалец беше вознемирен што беше оставен на клупата за финалето во Лига Европа во Билбао и се чини дека тоа беше последната капка.

Крилниот напаѓач претходно беше поврзуван со Наполи и Челзи, а челниците на Јунајтед се подготвен да седнат на преговарачката маса.

Репрезентацијата на Аргентина беше еден од клучните играч за Јунајтед оваа сезона, со 11 гола и 10 асистенции на 58 натпревари, но нема дилема дека ќе си замине кога ќе стартува преодниот рок на 1 јуни.

Под знак прашалник е и престојот на португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш, кој доби неморална понуда од Ал Хилал. Шведскиот интернационалец Виктор Линделоф ќе го напушти клубот како слободен агент, а во меѓувреме, Матеус Куња ќе му се приклучи на клубот затоа што „црвените ѓаволи“ ќе ја активираат откупната клаузула од 62 мил. фунти.

Во игра за преселба на „Олд Трафорд“ е и аргентинскиот голман од редовите на Астон Вила, Емилијано Мартинез.

Јунајтед наводно е подготвен да го ангажира и би можел да го искористи Маркус Рашфорд за да го комплетира договорот. Рашфорд е на позајмица во Вила, а Јунајтед е подготвен да го пушти за пониска цена во случај Вила да го прифати трансферот на Мартинез.

ФОТО: Инстаграм

 

 

 

ИЗДВОЕНИ