По поразот на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер од Загреб во Лигата на шампионите, тренерот Рубен Гарабаја, си поднесе оставка која раководството на битолскиот тим ја прифати.
„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, кажа шпанскиот стратег.
Пелистерци оваа сезона играат под очекувањата, а случувањата во домашниот шампионат и во Европа беа причина двете страни да се разделат по спогодбен пат. Гарабаја беше дел од Еурофарм Пелистер од оваа година, а тимот го водеше до домашната титула. На клупата на Еурофарм Пелистер, Гарабаја го наследи Раул Алонсо кој замина во Бундеслигата.












