Галичка свадба 2025: Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, се ќердосаа годинешните младенци /ФОТОГАЛЕРИЈА

103

Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар се венчаа на годинешната Галичка свадба.

Гостиварчаните Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски беа младениците на традиционалната Галичка свадба, што викендов се одржува во прекрасното село Галичник.

Во придружба на семејствата, пријателите, но и неколку стотина статисти во носии, за сè на свадбата да изгледа автентично, како во минатото, тие си го кажаа судбоносното „ДА“ во црквата Св. Петар и Павле средсело, и се заколнаа на вечна љубов.

Фото:П.Стојановски

 

 

ИЗДВОЕНИ