Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар се венчаа на годинешната Галичка свадба.
Гостиварчаните Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски беа младениците на традиционалната Галичка свадба, што викендов се одржува во прекрасното село Галичник.
Во придружба на семејствата, пријателите, но и неколку стотина статисти во носии, за сè на свадбата да изгледа автентично, како во минатото, тие си го кажаа судбоносното „ДА“ во црквата Св. Петар и Павле средсело, и се заколнаа на вечна љубов.
Фото:П.Стојановски