Галичка свадба 2025: „Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“ – Невестата Лилјана Михајлоска и зетот Јован Филипоски го кажаа судбоносното „да“

417

Огромна чест и задоволство е што ние бевме невеста и зет, се чувствувавме гордо“, изјавија овогодинешните младенци Јован и Лилјана, кои на традиционален македонски начин ја круниса својата љубов. Јован е потомок на старото галичко семејство Филипоски и, како што рече, уште од мал мечтаел да биде зет на Галичката свадба. Невестата Михајлоска рече дека честа е голема, но, исто така и одговорноста доследно да се пренесе традицијата.

“Галичка свадба 2025“ заврши викендов, а самиот Галичник, на падините на планината Бистра, и овој јули, привлекоа огромен број туристи. Во текот на тридневната разновидна програма, сите што дојдоа  беа сведоци на мошне интересна народна веселба, исполнета со сите адети. Организатор беше Месната заедница Галичник, а Покровител Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Сите присутни од се срце им честитаа на годинашните младенци Лилјана и Јован Михајловски, кои на традиционален македонски начин ја круниса својата љубов. Јован е потомок на старото галичко семејство Филипоски и, како што рече, уште од мал мечтаел да биде зет на Галичката свадба.

-Оваа традиција треба да се негува. Мене ми беше пренесена од моите баба и дедо, а потоа и од моите родители кои секоја година учествуваат и се дел од традицијата. Честа е огромна и се надевам дека што повеќе посетители ќе дојдат и ќе ја видат оваа убава традиција, изјави Филипоски.

Невестата Михајлоска рече дека честа е голема, но, исто така и одговорноста доследно да се пренесе традицијата.

-Огромна чест и задоволство е што сме избрани за невеста и зет, се чувствуваме среќно и гордо. Но, истовремено, голема е одговорноста доследно да се пренесе оваа традиција, веруваме дека сѐ ќе помине во најдобар ред, рече Михајлоска.

Преку голем број свадбарските обичаи, меѓу кои и:  пречек на тапаните, китење и поставување на свадбениот бајрак, симболичното „фрлање пушка“ од куќата на зетот и изведбата на свекрвиното оро. Се со звукот на зурлите и тапаните!

Впечатлив момент беа ората кои го симболизираа печалбарството и непокорот на луѓето од овој печалбарски крај – со „Невестинското“ и „Тешкото“ во изведба на националниот фолклорен ансамбл „Танец“, на платото пред чешмата Упија.  Вчерашниот ден недела, беше денот на венчавката, кој почна со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, како и карактеристичниот обичај на Галичката свадба – „гледање низ прстен“.  По испраќањето на невестата и дарувањето, следуваше венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“. Настанот заврши со свеченото заминување на тапанџиите и зурлаџиите со што симболично се означи затворањето на овогодинешната свадбената церемонија.         До година, пак!               (Д.М.) фото:П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ