За можеби најатрактивниот Samsung мобилен уред, особено за женската популација, Galaxy Z Flip6, со сигурност можеме да кажеме дека овој уред не е само телефон на преклоп, туку и фантастична алатка која ја поттикнува креативноста и ги надминува традиционалните граници на мобилната технологија. Речиси една година по лансирањето, овој модел се уште лесно станува омилениот гаџет на сите оние кои сакаат нешто уникатно и персонализирано.
Flex бенефити кај Galaxy Z Flip6
Самата несекојдневна форма на Galaxy Z Flip6 дозволува перформанси кои се единстени, токму поради преклопувањето. FlexWindow е наречен надворешниот екран кој овозможува целосно прилагодување на изгледот на телефонот. Лесното менување на теми, икони и копчиња ви дава слобода да го направите телефонскиот интерфејс како што посакувате – било да се работи за минималистички стил или смели, шарени комбинации.
Но, и многу повеќе од тоа – овој уред е инспирација за секого кој сака да ја изрази својата креативност. бидејќи FlexCam и Flex Mode овозможуваат снимање од различни агли и користење на телефонот како статив за да можете да експериментирате со нови начини на фотографирање и снимање. Ова е особено полезно за видеоблогери, фотографи или сите оние кои сакаат да создадат уникатни визуелни содржини. ProVisual со вештачка интелигенција ја максимизира моќта на камери со 50 MP и 12 MP ултра-широк агол, овозможувајќи совршени фотографии, дури и при слаба осветленост каде функцијата Nightography го подобрува искуството и при ноќни снимки.
Покрај тоа, ажурираниот One UI 7 кориснички интерфејс овозможува непречено искуство за сите оние кои се одлучуваат за овој телефон кој не е само уред за комуникации, туку дефинитивно е и моден детал кој беспрекорно се прилагодува кон сечиј стил. Ако се двоумите дали Galaxy Z Flip6 е вистинскиот избор за вас, не грижете се – преку иновативната апликација Try Galaxy можете да ја тестирате моќта на уредот и да ги испробате сите функции, без да го поседувате. Galax Flip6 е совршен за секого.
(ПР објава)