„Од #MOБ за Скопје“ е насловот на гала-концертот што ќе се одржи на 5 јули 2025 година (сабота), со почеток во 21 часот, на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ).

Концертот ќе се одржи во чест на 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со австриската амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

ИЗДВОЕНИ