По пристигнувањето во Виена, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на чудење на австрискиот печат ја „заборави“ сопругата Олена.
Двојката Зеленски пристигна во понеделникот во посета на Австрија, наводно за да договори дополнителна помош за Украина. Поворка возила со полициска придружба ја донесе украинската делегација во замокот „Хофбург“ околу 13 часот. Додека претседателот Александар ван дер Белен и неговата сопруга чекаа под чадор, Зеленски излезе од БМВ-то и веднаш се упати кон домаќините, без да ја чека Олена да го заобиколи автомобилот и да му се придружи, како што вообичаено налага протоколот.
Володимир Зеленський прилетів до Австрії. У Відні його приймає президент Александр ван дер Беллен. pic.twitter.com/lLXABbp3Fz
— 5 канал 🇺🇦 (@5channel) June 16, 2025
Домаќините се правеа дека ништо не се случило, а Зеленски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот пречек, во кое гафот беше изоставен.
На австриските медиуми, сепак, не им побегна ниту момент при интонирањето на националната химна, кога Зеленски и Ван дер Белен застанаа под чадор, додека нивните сопруги стоеја настрана.
„Зеленски ја остави сопругата да стои на дождот“ го наслови својот текст виенскиот весник „Хојте“.
Zelensky left his wife standing in the Vienna rain — Austrian outlet Heute on his meeting with Austria’s president
When actions speak louder than words https://t.co/8n37exdXaN pic.twitter.com/dUoiPgyvhu
— RT (@RT_com) June 16, 2025
Покрај протоколарната средба со шефот на австриската држава, Зеленски има закажано разговори и со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, пренесува „24Седам“.