Габриела Илиевска ќе се кандидира за градоначалник на Битола

74

Најава дека ќе се кандидира за градоначалник на Битола објави утринава Габриела Илиевска, актуелен претседавач на Советот на Битола од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“. Во објавата таа наведе дека ќе се кандидира како независен кандидат.

-После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки, еве да расчистиме. Ве повикувам сите битолчани, без разлика дали сте симпатизери или членови на која било  политичка партија, гласачи досегашни на која било  политичка опција, досегашни негласачи, сите кои сакате да живееме во поуба, почиста, непартиска, независна Битола, да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот – повика  Илиевска во објавата на својот профил на социјална мрежа Фејсбук.

Илиевскиa вели дека, за разлика од политичките партии, таа како независна кандидатка нема пари за кампања и маркетинг, но тоа нема да ја спречи во борбата.

-Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет, чесност и достоинственост да излезам против сите кои досега само ја крадеа Битола. Време е Битола да биди независна – наведе таа. (Б.Ѓ.)

Фото: ФБ

ИЗДВОЕНИ