Кошаркарите на Србија фуриозно го стартуваа Европското првенство, откако извојуваа убедлива победа над Естонија со 98:64. Во ниту едне момент Естонците не беа во можност да им се заканат на Србите, кои воедно се главни фаворити за освојување на европската круна.

На крајот, Јовиќ ја предводеше Србија со 18 поени (шест асистенции), Аврамовиќ со 13, Петрушев со 12, Јокиќ (десет скока, седум асистенции) и Богдановиќ (седум асистенции) со по 11. Србија во второто коло ќе игра против Португалија.

Сигурни победи запишаа и Литванија над Велика Британија (94:70), Португалија ја совлада Чешка (62:50), Германија беше поуспешна од Црна Гора (106:76), Турција ја доби Летонија (93:73), како Финска против Шведска (93:90).

 

ИЗДВОЕНИ