Фудбалски судија уби жена во Мостар, па се обидел да си пресуди/ВИДЕО

290

Во Мостар вечерва, маж убил жена по брканица во близина на автобуска станица. Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон го потврди трагичниот настан, а полицијата е на терен и го обезбедува местото на злосторството, пренесе Vijesti.ba.

Според неофицијални информации, сè се случило околу 18 часот. Мажот прво ја застрелал жената во близина на автобуската станица, по што таа почнала да бега. Напаѓачот ја стигнал недалеку, откако се обидела да најде засолниште во едно кафуле и да повика полиција. За жал, убиецот ја следел и ја убил со огнено оружје. Тој се обидел да се самоубие, но пиштолот се закочил, а полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила, објави Вечерњи.ба.

Како што неофицијално дознава Аваз.ба, осомничен за убиството е Анис Калајџиќ, фудбалски судија со долгогодишно судиско искуство во Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина и син на тренерот и поранешен фудбалер на ФК Вележ. Според неофицијални информации, тој ја добил дозволата за носење оружје пред еден месец, по што набавил пиштол.

ИЗДВОЕНИ