Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, повторно застана зад своите контроверзни коментари за фудбалот, кои првпат ги даде пред 14 години. Во интервју од 2012 година, Вајт го нарече најпопуларниот спорт во светот „спорт за кој ви треба најмалку талент“, изјава што сè уште повремено станува вирална на социјалните медиуми до ден-денес.

За време на неодамнешното појавување на „БИГ бој ТВ“, Вајт беше прашан за неговите познати коментари. Пред да го повтори своето мислење, тој сакаше да разјасни едно нешто.

  • Тоа не беше неодамна. Тоа беше пред 15 години, рече 56-годишниот Вајт.

Потоа го раскажа своето вирално интервју и потврди сè што кажа за фудбалот во тоа време.

  • Она што го кажав беше: „Тоа е спорт во кој има најмалку талент“. Не можам да се сетам како започна или како почнавме да зборуваме за тоа, но реков: „Постои причина зошто тригодишните деца го играат“. Реков: „Кога мрежата е со големина на тој ѕид, а резултатот е 1:1…“, истакна првиот човек на УФЦ.

За да ја докаже својата поента, тој го спореди фудбалот со хокеј.

  • Не сум голем обожавател на хокејот. Овие момци лизгаат со 180 км/ч на мразот, наведнати со искривен стап. Голот е со големина на човекот што стои пред него, и секој може да ве убие во секој момент. Знаете, тоа е спорт за талентирани, објасни тој, заклучувајќи: „Не го сакам фудбалот, не сум голем обожавател. Ми се допаѓа Кристијано Роналдо, имам одличен однос со него. Ми се допаѓа. Без навреда кон ниту еден од тие момци, но, едноставно, не сум фудбалски обожавател, заврши Дана Вајт.

 

ИЗДВОЕНИ