Традиционално, и оваа година, на Градскиот стадион во Крива Паланка, од 18 до 22 август, од 8:00 до 10:30 часот, ќе се одржи спортската манифестација „Фудбал за сите“.
Организатор на оваа манифестација, на која ќе има многу спортска рекреација, забава и дружење, е Општинскиот училиштен спорт, а е намената за децата од 6 до 11 години.
Пријавувањето, кое започна вчера, а ќе трае до 16 август, ќе може да се врши секој ден, од 17:00 до 19:00 часот, во спортската сала „Партизан“.