Голема е материјалната штета од како изминатата ноќ е фрлена експлозивна направа, рачна бомба, врз куќата наЗдравко Чолиќ во елитната белградска населба “Дедиње“. Оштетена е фасадата на куќата, а шрапнели се расфрлани и во просторот каде што биле паркирани возилата. Според информациите, оштетени се и неколку луксузни автомобили долж улицата.
Српските медиуми јавуваат дека нема повредени лица, и ако семејството Чолиќ беше затекнато на спиење. Во куќата се наоѓале пејачот, неговата сопруга Сандра и ќерката Лара. Соседите на Здравко изјавиле дека биле разбудени од силната детонација, која предизвикала кај сите голема вознемиреност. Полицијата веднаш го обезбеди местото на настанот, а пристапот до куќата бил блокиран. На терен интервенирале припадници на Министерството за внатрешни работи, заедно со дежурен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград.
Во тек е прецизната истрага за утврдување на околностите под кои дошло до овој несреќен настан. Форензичките служби собираат траги, а се прегледуваат и снимки од безбедносните камери во околината. Треба да се утврдаат мотивите за нападот. И кој е извршителот на овој морбиден настан? (Д.М.) фото:архива












