По известувањата од граѓаните, екипите на Општина Центар вчеравечер интервенирале со фрлање сол во повисоките делови.
– Со оглед на временските прогнози што најавуваат спуштање на ноќните температури неколку степени под нулата, нашите служби се во состојба на готовност навремено да интервенираат каде што ќе биде потребно – соопштија од Општина Центар.
Оттаму апелираа до жителите доколку забележат критична точка, непрооден и замрзнат пат, да пријават на дежурниот телефон 076 313 381.












