
Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Томас Франк, и официјално потврди дека сака во следната сезона да ги има на располагање и услугите на англискиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Хари Кејн. Се погласни се шпекулациите дека искусниот напаѓа сака да се врати во Лондон, а во неговиот договор има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 56.7 мил. фунти.