Шефот на тимот на Ферари, Фредерик Васер, од своја перспектива зборуваше за моменталната ситуација на Луис Хамилтон, кој бележи лоши резултати оваа сезона. Васер рече дека Британецот сигурно ќе направи сè што може за да ги сврти работите во своја корист.
- Секако, кога си седумкратен светски шампион и твојот тимски колега е на пол-позицијата, а ти си надвор од квалификациите, тоа е тешка ситуација. Можам да ја разберам фрустрацијата на Луис, но нормално е ова и тој ќе се врати – порача Васер.
Васер, кој одигра клучна улога во убедувањето на Хамилтон да премине од Мерцедес во Ферари, исто така, истакна дека резултатите од Унгарија направиле викендот на Хамилтон да изгледа полошо отколку што, всушност, бил.