
Единствениот тениски грен слем на земјена подлога, кој се одржува во Париз, и во новата сезона ќе користи линиски судии, објави Француската тениска федерација, која го организира турнирот.
Преостанатите три грен слем турнири – Австралија Опен, Вимблдон и САД Опен – се префрлија на електронски метод за утврдување дали топката слетала во или надвор од границите на теренот оваа година. Француската тениска федерација (ФФТ) соопшти дека ќе продолжи да користи линиски судии бидејќи тие покажаа висок стандард за време на овогодинешниот турнир.
„На следниот Ролан Гарос, ФТФ ќе продолжи да ја истакнува извонредноста на француските судии, признати низ целиот свет, од чии услуги организаторите на турнирот се целосно задоволни“, велат од ФТФ.
Системот за првпат беше експериментално користен во 2017 година на финалето на „Неџт Ген“ АТП во Милано, каде што се натпреваруваа осумте најдобри тенисери под 21 година, а оваа година се користеше на настани на АТП Турот.