Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во следната рунда на Ролан Гарос, откако со 3-1 (6-3, 6-2, 6-7, 6-3) во сетови го совлада Французинот Валентин Роаје за време од три часа и 47 минути.
Во тешки услови и високи температури во Париз, српскиот тенисер од самиот старт наметна силно темпо, очигледно со намера што побрзо да го заврши мечот. Ѓоковиќ доминираше во првите два сета, дозволувајќи му на 74. тенисер на АТП-листата да освои само три гема во првиот и два во вториот сет.
Сепак, во третиот сет дојде до пад во играта на српскиот ас. Французинот тогаш пружи најсилен отпор, а сетот траеше дури еден час и 19 минути. Роаје успеа да избори тај-брејк и на крајот го доби сетот со 7-6.
Но, Ѓоковиќ не дозволи дополнителна драма. Во четвртиот сет повторно ја презеде контролата и со 6-3 стави точка на мечот за сигурен пласман во следната фаза од турнирот.












