Оушн Додин, 28-годишна француска тенисерка, беше на пауза една година поради нарушување на внатрешноста на увото. Додин беше четвртфиналистка на минатогодишниот Австралија опен и беше рангирана на 47-мо место во светот, но паузата значеше пад на 363-то место на ранг-листата на ВТА. Додека лекуваше проблем со увото, Французинката одлучи да ги зголеми и градите.
Така таа стана првата тенисерка што се врати на теренот со импланти за гради. Таа моментално се натпреварува на мал ИТФ турнир во Ремс, каде што се снаоѓа доста добро. Таа ги победи Американката Керолин Ансари во првото коло и Французинката Џени Лим во второто, и двете со резултат од 2:1.
„Немам проблем да признаам дека сум ги зголемила градите. Долго време сакав да го направам тоа и ја искористив можноста сега бидејќи знаев дека ќе бидам надвор од теренот некое време. Си реков дека е време да го направам она што го сакам.
Подобро сега отколку кога ќе ми заврши кариерата. Воопшто не се каам. Сите ми велеа дека нема да можам да играм откако ми вградија силикон. Како да ќе ми стават лубеници, хахаха…“, рече таа со насмевка за францускиот RMC Sports и додаде:
View this post on Instagram
„Го имам проблемот со увото десет години. Не знаев што да правам. Ме мачеше најмногу кога беше жешко. Чувствував вртоглавица и имав недостаток на рамнотежа. Уживам играјќи тенис во затворен простор. Сакам повторно да си дадам можност да играм најдобро што можам. Ќе биде физички напорно да се вратам во оптимална состојба, но верувам дека можам да го направам тоа“, рече, меѓу другото, Додин.
View this post on Instagram