Француското феминистичко здружение „Хистерични плетачки“ денес објави дека поднело колективна тужба против сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон за навреда.
Здружението ја обвинува француската прва дама дека ги нарекла феминистките кои го прекинаа настапот на комичарот Ари Абитин во „Фоли Бержер“ во Париз на 6 декември „валкани идиоти“, објавува телевизијата BFM, пренесува „Танјуг“.
Судење за сексистичко сајбер вознемирување на првата дама: Ќерката на Брижит Макрон се жали на суд за влошената здравствена состојба на нејзината мајка
„Оваа тужба е поднесена во име на 343 жени и здруженија кои колективно и индивидуално се чувствуваат повредени од оваа изјава.
Тужбата ја покрена и ја води „Хистерични плетачки“, со поддршка на две други феминистички организации, 3egales3 и MeTooMedia“, соопшти здружението.
Бројот 343 има симболично и политичко значење, директно упатувајќи на Манифестот 343 од 1971 година, додаде здружението, потсетувајќи дека „повеќе од 50 години подоцна, жените кои се ангажираат сè уште се изложени на навреди и дисквалификации“.
На 7 декември, Првата дама на Франција ги нарече феминистките кои го прекинаа настапот на Абитан претходниот ден „валкани идиотки“.
Абитан беше обвинет за силување во 2021 година, но подоцна беше ослободен.
За време на прекинот на настапот во Фоли Бержер, четири члена на колективот НуТут скандираа „Абитан силувач“ и носеа маски со ликот на уметникот. Денот по прекинот на тој настап, Брижит Макрон отиде на неговиот настап во Париз, каде што беше снимена како го поддржува зад сцената.
Потоа тој рече дека се плаши, на што Брижит Макрон се насмеа и му рече дека ако има „валкани идиоти“, ќе бидат исфрлени.
Брижит Макрон првпат проговори за контроверзноста во интервју за Брут, нагласувајќи дека видеото од нејзината тогашна изјава за феминистките „апсолутно не било наменето за јавноста“ и дека не забележала дека некој ја снима.
Агенцијата „Бестимаж“, одговорна за дистрибуција на снимката, ја призна грешката.
„Жал ми е ако ги повредив жените жртви, мислам на нив и само на нив“, рече француската прва дама, додавајќи дека „не може да поднесе прекин на нејзиниот настап“.
Сепак, таа одби да се извини, објаснувајќи дека ја презема одговорноста за своите зборови.
„Мислам дека сите имаме право да зборуваме и да размислуваме. Не сум секогаш само сопруга на претседателот, имам и приватен живот, а овој момент беше приватен“, рече таа.
По шокот предизвикан од изјавата на француската прва дама, многу жени решија да ја претворат навредата во слоган за афирмација на феминистичките цели и борбата против родово базираното насилство.
„„Валканите идиотки“ од здруженија како NuTut прават повеќе од твојот сопруг, Брижит“, одговори активистичката организација, како и „Нема да заборавиме, Брижит“.
За време на неговата прва претседателска кампања, францускиот претседател Емануел Макрон го направи ова прашање една од главните цели на својот мандат, според француската телевизија.
Според здружението NuTut, во Франција се случуваат 210.000 силувања или обиди за силување секоја година.
Заклучно со 4 декември 2025 година, здружението регистрирало 156 случаи на фемицид од почетокот на годината, 15 повеќе отколку во истиот период во 2024 година.












