среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Француските обвинители бараат потврда за петгодишната забрана за вршење јавна функција за...

Француските обвинители бараат потврда за петгодишната забрана за вршење јавна функција за Марин Ле Пен

42

Француското обвинителство побара потврда за петгодишната забрана за вршење јавна функција за лидерката на крајната десница Марин Ле Пен во жалбената постапка во Париз, како и потврда за казната за помошниците на членовите на партијата Национален собир во Европскиот парламент.

Доколку казната биде потврдена, тоа би ја спречило Марин Ле Пен да се кандидира за претседателка во 2027 година, во време кога крајната десница добива на интензитет, објавија француските медиуми.

Одлуката на апелациониот суд, кој не е должен да ги следи препораките на обвинителот, се очекува до летото.

Обвинителството, исто така, побара четиригодишна затворска казна, со условна казна од три години.

Тие побараа Марин Ле Пен да биде во затвор или во домашен притвор со електронска ознака една година, пренесе „Бета“.

„Марин Ле Пен започна систем што ѝ овозможи на партијата да проневери 1,4 милиони евра“, рече обвинителката, додавајќи дека се бара и потврда за казната од 100.000 евра што ѝ ја изрече понизок суд.

За другите обвинети, обвинителството побара потврда на казните изречени во првостепената постапка, почнувајќи од условна казна од шест месеци до три години затвор.

ИЗДВОЕНИ